Почетна Убавина и здравје„Ја осветлуваше секоја просторија а една кобна секунда ни зеде се…МОЈА ДАДИ, до денот кога повторно ќе се сретнеме..“ – Убавина и здравје

„Ја осветлуваше секоја просторија а една кобна секунда ни зеде се…МОЈА ДАДИ, до денот кога повторно ќе се сретнеме..“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Росица, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на Партизанска кај Силбо, доцна во ноќта објави емотивна посвета за својата непрежалена сестра. Објавата ви ја пренесуваме во целост:

 


Поврзани објави

„Тивкото ехо на мојата Секица Мекица“

Во тишината на ноќта, често го чувствувам твоето присуство како една милозлива мелодија што ми буди спомени за твојот блескав дух. Се присетувам како твоето присуство ја осветлуваше секоја просторија, како твојата насмевка ни ги ведреше деновите и како со твојот глас ни ги полнеше срцата со љубов.
Но, една кобна секунда ни го смени животот. Ми те одзеде.
Честопати, од очај, ги затворам очите и те замислувам – небаре, за некое чудо, ќе се протнеш низ вратата и ќе ја разведриш собата со твоите бои. Разиграно ќе ми речеш „секица мекица“ со твојот глас полн со љубов и палавост. И така, барајќи те, ќе налетам на својот лик во некое огледало. Што да видам – одраз на личност што јас не ја познавам. Еден скршен човек од празнината што ја остави твоето отсуство.
Утеха наоѓам во спомените. Силните прегратки, заедничките насмевки, нашата песна и веселите шепотења што ми го размрдуваа срцето. Овие сеќавања се мојот спас. Нем сведок на љубовта што опстојува надвор од времето и тагата. Твојот спомен е моето светилиште и моето засолниште – таму сум среќна.
Моја Дади, до денот кога повторно ќе се сретнеме, ти ветувам дека твојата светлина ќе ја носам во себе. Мојата бескрајна љубов кон тебе останува несогорлив пламен – светилник што ниедна разделба не може да го згасне.
До видување, Фроси“.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/CQq5EcoHXtt/