Еден од највпечатливите моменти на инаугурацијата на Доналд Трамп беше појавувањето на Лорен Санчез, свршеничката на Џеф Безос, во градник и со разголено деколте
Лорен Санчез одлучила да ја поправи грешката од инаугурацијата, кога се појавила во градник од тантела, кој јасно се гледал под белото сако. Па така, на балот на Трамп неколку часа подоцна, се појавила облечена во бајковит фустан во златна боја.
„Ти навистина си златна девојка“, коментирале нејзините следбеници на социјалните мрежи под низата фотографии што Лорен ги објавила на Инстаграм.
Фустанот со богати набори и префинет материјал, многу убаво паѓал на добро извежбаното тело на свршеничката на Џеф Безос и го направил нејзиниот изглед неверојатен.
Поврзани објави
Оваа модна креација истовремено и криела и покажувала со што располага Лорен, додека таа го надополнила изгледот со долга коса, која се спуштала на нејзиниот грб во елегантни бранови.
Лорен била како создадена за овој бал. Задоволна од својот изглед, таа споделила неколку фотографии на кои позирала во овој фустан, но на ниту една од фотографиите не се нашол нејзиниот Џеф Безос.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм / laurenwsanchez