Драган Којиќ одби да зборува за појавувањето на Софија во „Ѕвезда Гранда“ и се налути поради изјавата на колешката Дара.
Пејачот Драган Којиќ Кеба бурно реагираше на прашањата за својата поранешна снаа Софија, која неодамна се појави како натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“. На изненадување на сите, поранешната сопруга на неговиот син Игор Којиќ реши да се пријави во музичкото шоу.
Кога новинарите се обидоа да добијат негов коментар, Кеба беше видливо вознемирен.
Реков што имав да кажам. Сè ќе видите во емисијата кога ќе се емитува. Тоа е од мене. Поздравете ја Дара,“ кусо прокоментира тој, алудирајќи на изјавата на пејачката Дара Бубамара.
Поврзани објави
Дара претходно откри дека не знаела дека станува збор за поранешната снаа на Кеба.
Ја пофалив дека изгледа прекрасно и ѝ реков дека личи на Северина. Таа ми врати: ‘Па јас и сум поранешна снаа’. Јас во шок! Потоа реков дека Игор има вкус,“ раскажа Дара низ смеа.
Иако таа објасни дека Кеба реагирал најнормално при средбата, изгледа дека дополнителните прашања и медиумското внимание го изнервирале пејачот, кој очигледно не сака да ја коментира оваа семејна тема.
printskrin youtube – GRAND -keba