Пејачот Дарко Лазиќ открива дека нема развод и зборува за семејството, децата и пожарот во Гроцка.
Откако медиумите почнаа да шпекулираат дека пејачот Дарко Лазиќ се разведува од сопругата Катарина, тој реши да ги прекине гласините и да ја каже вистината. Во изјава, тој објасни дека станува збор за невина шега која излегла од контрола.
Во бракот со Каќа сè е во најдобар ред. Се пошегувавме, а тоа отиде предалеку. Нема никаков развод. Можеби бившите ме колнеле, не знам, ама морам да кажам – сè е во ред,“ изјави Лазиќ.
Осврнувајќи се на улогата на татко, тој рече дека се труди децата да ги учи на исправен пат.
Поврзани објави
Јас правев сè наопаку, и затоа ги учам моите деца да не го повторат мојот пат. Кога сум на работа, Каќа се грижи за нив, особено сега кога едното дете има температура,“ рече тој.
Лазиќ се осврна и на инцидентот што се случи за време на негов настап во Гроцка, кога избувнал пожар.
Јас дури подоцна дознав. Беше толку ’голем’ што никој не го забележал. Наместо да пишуваат колку публика имаше, сите се фатија за тој пожар. Секогаш нешто сум направил, според медиумите,“ додаде пејачот низ насмевка.
printskrin Youtube-AmiG Show darko lazic