7
Процесот на изградба за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ напредува со голема брзина, според информациите од градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи, истакна дека проектот е во финална етапа.
“Наскоро, овој значаен мост преку реката Вардар ќе биде пуштен во употреба и ќе обезбеди подобрен, побрз и побезбеден сообраќај за жителите на Скопје”, рече тој.
Тој исто така додаде дека се работи на одблокирање на проектите и засилување на активностите на терен, со цел да се подобри функционалноста на градот.
Фото: Фејсбук.
Извор: МИА