Почетна ВестиЃоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе бев „издигнат на небо“

Ѓоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе бев „издигнат на небо“

од nenad
1 минути читај за

„Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум бил или не сум заслужил да бидам дел од таа дискусија. Факт е едно, да не бев од Србија, пред многу години ќе бев издигнат на небо на спортски план, особено во западниот свет. Но добро, тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што дојдов од Србија, ми дава верба и надеж, затоа се што постигнувам е уште послатко и уште повеќе ме исполнува, а вие пишувајте што мислите“ – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

   

Ѓоковиќ во своето десетто финале на УС Опен го совлада Русинот Данил Медведев со 6-3, 7-6, 6-3 и го освои својот четврти трофеј во кариерата на грен слем турнирот во Њујорк по успесите во 2011, 2015 и 2018 година.