Многумина се шокираа кога видоа дека 12-годишната Харпер Бекам добила тетоважа за роденден
Минатиот понеделник медиумите беа преплавени со веста дека најмалата ќерка на Викторија и Дејвид Бекам го прославила својот 12. роденден, а за таа пригода, славните родители ѝ приредиле забава за паметење.
Сега, едно од најбогатите девојчиња на светот се пофалило со подарокот што го добила од „омразената снаа“ Никола Пелц.
Станува збор за тетовирана пеперутка, идентична на онаа што Никола ја има на долниот дел од грбот.
„Нека ѝ е среќен роденденот на мојата помала сестра Харпер. Ти си многу посебна девојка и многу сум среќна што те имам во мојот живот. Те сакам повеќе одошто можеш да претпоставиш. Се надевам дека засекогаш ќе бидеме олку слични“, напишала сопругата на Бруклин Бекам.
Не е познато дали станува збор за вистинска тетоважа, а коментарите се нижеле еден по друг.
Поврзани објави
„Што ќе му е тетоважа на девојче од 12 години?“, „Ова е толку изопачено“, „Ова е погрешно на многу нивоа“, „Се надевам дека не станува збор за трајна тетоважа“, „Дали Дејвид и Викторија го одобриле ова?“, „Што ќе каже Викторија на ова?“, се само некои од коментарите, а дали станува збор за вистинска или моментална тетоважа, ќе дознаеме во иднина.
Инаку, семејството Бекам за својата миленичка приредило „Прада“ забава, на која сè било во знакот на овој луксузен бренд.
Харпер е родена ѕвезда откако пристигна на овој свет. Викторија речиси никогаш не се двои од неа, па девојчето ја придружува на сите модни ревии.
Харпер живее гламурозен живот, патувајќи околу светот во најотмени авиони и на најбогати јахти.
Дали и Харпер Бекам ја има истата судбина како ќерка ѝ на Џеј Ло? Има само 11 години, а веќе е мета на ужасни коментари!