Почетна Убавина и здравјеКога докторите го виделе телото, се шокирале – Убавина и здравје

Кога докторите го виделе телото, се шокирале – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Олга е вистинско чудо, бидејќи во комбето за брза помош ја прогласиле за мртва, но таа оживеала во болница!

Русинката Олга, учесничка на изборот за „Убавица на Руската империја 2017“, на почетокот на јуни отишла на одмор во Турција. Наместо да ужива, доживеала вистински ноќен кошмар кога паднала од осми кат и, според докторите, доживеала клиничка смрт во возилото за брза помош. Но она што се случило потоа се граничи со чудо – Олга повторно покажала знаци на живот во болницата.

„Ни сама не можам да верувам како останав жива“, вели 38-годишната Русинка Олга, која на 5 јуни пристигнала во Турција и доживеала клиничка смрт.

Планирала краток одмор, па шетање низ други градови. Се сместила во станбениот комплекс Liparis Sunflower, а на 8. јуни поминала вечер со стар познаник.

Како што открила, вечерта тргнала наопаку. Мажот со кого што била пиел и веројатно имал консумирано дрога, па атмосферата станала напната. Во еден момент, додека стоела покрај балконот, мажот ја нападнал и ја удрил по главата. Олга изгубила рамнотежа и паднала од висина од околу 30 метри. За среќа, тревникот го ублажил падот.

Иако во шок и тешко повредена, била свесна до доаѓањето на брзата помош. Последното нешто на што се сеќава е моментот пред да изгуби свест.

Се вратила во Русија

„Се разбудив на интензивна нега, а докторите ми кажаа дека во возилото за брза помош, во 1:05 констатирале смрт“, раскажала Олга.

„Срцето ми застанало, но по некое време, повторно проработело.“

Олга се здобила со скршеници на три ребра, на рацете, носот, двете очни коски, како и со тешки повреди на внатрешните органи.

„Не ми ја оперираа раката. Само ми ја наместија, ми даваа инјекции и ми ставија нов гипс“, открила таа и се пошегувала:

„Сега ми преостанува само да побарам панцир, бидејќи да се преживее по ова е вистинско чудо.“


Поврзани објави

И покрај сериозните повреди, Олга ја напуштила болницата во Турција по неколку дена и се вратила во Москва, каде продолжила да се лекува.

Кажал дека му е ќерка

Особено вознемирува тоа што инцидентот првично бил претставен како несреќен случај, но карактерот на повредите и однесувањето на мажот со кого била отвораат многу прашања. Според достапните информации, станува збор за агресија под дејство на алкохол и веројатно и наркотици.

Ударот што довел до нејзиниот пад бил зададен во алкохолизирана состојба. Турската полиција започнала истрага, но сè уште нема официјални изјави.

Интересно е што мажот кој ја нападнал Олга прво тврдел дека таа му е вонбрачна ќерка, а потоа ги молел соседите за пари за болничката сметка.

„Најпрво лажеше во заедничката конверзација со станарите дека Олга му е ќерка, а потоа се жалеше дека нема пари да ја плати болницата и дека му треба помош“, раскажал анонимен извор.

Олга, која сега има силни болки, се обидува да остане силна.

„Физички и емотивно, закрепнувањето е тешко, но се борам“, изјавила таа.

ФОТО: Инстаграм