Понежниот пол од знакот Близнаци најмногу мразат кога зависат од луѓето. Тие сакаат да држат рамнотежа, паметни се и многу интелигентни. Може да бидат друштвени, но знаат да уживаат и на креветот во удобноста на својот дом.
Тие се флексибилни кога е во прашање нивната кариера и често ја менуваат работната позиција со цел да најдат кое е совршеното место за нив. Секогаш тие умеат да се прилагодат во туѓо друштво, но искрено можат да се дружат само со неколку луѓе. А кога сакаат, пак, може да бидат главни ѕвезди на забавата.
Но, она што не поднесува оваа жена е да зависи од некој. Ако одлучи дека таа треба да излезе, ништо не може да ја запре. Не очекувајте дека секогаш ќе се потпипра на вашите рамиња, затоа што едноставно тоа не ѝ прилега.