Table of Contents
Последните немири на улиците на Лос Анџелес, кои доведоа до блокирање на клучни сообраќајници и ангажирање на полицијата со засилено присуство, претставуваат уште еден алармантен знак на тензичната социјално-политичка клима што подолго време тлее во американските урбани центри. Без разлика дали причините за конфликтот се етнички, политички, економски или поврзани со криминал, ерупцијата на насилство во еден од најголемите и најсимболични градови во САД ја наметнува потребата од подлабока анализа на системските слабости што овозможуваат вакви појави да се повторуваат, пишува британски Би-би-си. Во Лос Анџелес, град со долгогодишна историја на расни тензии, социјални нееднаквости и конфликти помеѓу различни заедници, секоја улична пресметка е повеќе од само безбедносен инцидент – таа е огледало на пошироките структурни проблеми: недоверба во институциите, перцепирана неправда, сиромаштија, урбана сегрегација и се позасилената политичка радикализација.

Прекинот на сообраќајот не е само логистички проблем – тој е сигнал за парализирана јавна сфера, каде државата не успева навремено да канализира социјалното незадоволство низ институционални механизми. Прашањето сега не е само кој е одговорен за конкретниот инцидент, туку и како Лос Анџелес (и Америка воопшто) ќе се справи со растечкиот притисок однатре, анализираат повеќето од западните медиуми.
Протестите како најава за посериозни нереди и дестабилизација?
Имено, и денес демонстрантите продолжуваат да се судираат со полицијата во центарот на Лос Анџелес, а полицијата предупреди дека ќе реагираат со соодветна сила доколку демонстрантите употребат „запаливи средства“. Бројот на демонстранти на улиците на Лос Анџелес се намали, но некои групи се уште се судираат со полицијата, со прекин на сообраќајот и чад од автопатот 101. Јужните ленти на автопатот 101 се затворени до понатамошно известување поради протестот, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес на платформата X. Полицијата соопшти дека демонстрантите фрлиле предмети на рампите на автопатот и оштетиле неколку полициски возила, објави Си-ен-ен.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом изјави дека државата денеска ќе поднесе тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за, како што рече, „незаконското, неморално и неуставно распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес за задушување на протестите“.
At one point bystanders were attempting to stop the driver by throwing things to slow them down. pic.twitter.com/RELB9Eigro
— KTLA (@KTLA) June 9, 2025
Американскиот милијардер Илон Маск, чии односи со Трамп се влошија минатата недела, го поддржа одговорот на администрацијата на Трамп на протестите во Лос Анџелес синоќа на платформата Х. Трамп нареди распоредување на 2.000 војници на Националната гарда за да ги задушат имиграциските протести во Лос Анџелес. Но, она што пишуваат американските медиуми е загрижувачко е сценариото дали овие нереди ќе бидат влез за подлабока дестабилизација на САД.
Америка повеќе не е стабилна земја и секој ден станува се понестабилна
Во меѓувреме Њујорк Тајмс пишува дека тешко е да се избегне заклучокот дека администрацијата на Трамп бара конфликт на американските улици. Во саботата, откако протестот против апсењата на имиграциските и царинските органи (ИЦЕ) прерасна во насилство во Лос Анџелес, администрацијата реагираше како земјата да е на работ на војна.

Насилството беше неприфатливо. Граѓанската непослушност е чесна, но насилството е неприфатливо. Сепак, за сега, насилството за среќа е задржано и, најважно, во рамките на способноста на Калифорнија и градските власти да контролираат. Но, тоа не и кажува на администрацијата на Трамп. Нејзината реторика беше целосно надвор од контрола, коментира Дејвид Френч за Њујорк Тајмс. Стивен Милер, еден од најблагите советници на Трамп и најважниот архитект (покрај самиот Трамп) на имиграциските политики, објави само еден збор: „Бунт“. Пит Хегсет, секретарот за одбрана, објави свој пост на Х, во кој се наведува дека Министерството за одбрана „веднаш ја мобилизира Националната гарда за поддршка на федералните органи за спроведување на законот во Лос Анџелес.
Трамп во исто време на Truth Social напиша дека, ако гувернерот Гевин Њусом од Калифорнија и градоначалничката Карен Бас од Лос Анџелес не можат да ја завршат својата работа, а сите знаат дека не можат, тогаш федералната влада ќе се вклучи и ќе го реши проблемот на начин што треба да се реши!!!
Трамп треба да биде внимателен, протестот да не ескалира во поширок конфликт
Протестите во Лос Анџелес не се изолиран инцидент, туку дел од поширок и длабоко вкоренет социјален немир кој ја одразува фрагилноста на американското општество. Иако самите настани не водат директно кон системска дестабилизација на САД, тие го засилуваат впечатокот за зголемена поларизација, недоверба во институциите и слабеење на општествениот консензус, пишуваат медиумите. Во ваква средина, улогата на Доналд Трамп ќе биде клучна. Неговата способност (или неподготвеност) да смири тензии дома, наместо да ги продлабочи преку политичка реторика и конфронтација, ќе одреди дали протестите ќе се сметаат за предупредување или за почеток на подлабока криза во американската внатрешна политика.