Почетна Убавина и здравјеШто мислите, кој заслужува Оскар? – Убавина и здравје

Што мислите, кој заслужува Оскар? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Јелена Спенџарска, Александар Динев, Марис Џолин и Стефанатор го покажаа својот талент за глума

Кога една единствена реченица ќе стане актерски предизвик, очигледно е дека работите можат да станат многу позабавни отколку што звучат. Токму ваквите кратки acting challenge видеа се популарен формат на Instagram и TikTok – истиот текст се кажува на повеќе начини, а целта е со глас, поглед и израз на лицето целосно да се смени контекстот.

Овојпат пред камерите се најдоа Јелена Спенџарска, Александар Динев, Марис Џолин и Стефанатор, кои добија навидум едноставна задача: да ја кажат реченицата „Бабо, прекини!“ во неколку сосема различни расположенија.

И тука почнува забавата.

Првата верзија е флертувачка – реченицата која вообичаено би звучела како сериозно предупредување, одеднаш добива сосема поинаква енергија. Малку насмевка, поглед директно во камера и тон кој остава простор за многу погрешни заклучоци. Додека на некој му беше непријатно, некои инфлуенсери одлично се снајдоа со овој предизвик,

Следната задача е да се покаже лутина. „Бабо, прекини!“ веќе не е молба, туку предупредување дека трпението е при самиот крај.

А потоа – страв. Истата реченица, но со сосема друга приказна. Гласот се смирува, погледот станува исплашен, а „Бабо, прекини!“ звучи како последниот обид некој да спречи нешто страшно.


Поврзани објави

И за крај, најинтересната категорија – морничаво.

Тука „Бабо, прекини!“ добива сосема нов живот. Без викање, без претерување – само тивок глас, чуден поглед и онаа непријатна пауза по која веднаш си помислувате дека нешто дефинитивно не е во ред.

Четворица луѓе, пет различни емоции и една иста реченица се доволни за да се види колку начинот на кој кажуваме нешто може целосно да го промени неговото значење.

А сега останува најважното прашање: кој од нашите инфлуенсери заслужува Оскар, а кој дефинитивно треба да се задржи на Instagram? Погледнете го видеото и пишете ни во коментари!