Почетна Убавина и здравјеБрановидната летна коса на Меган Маркл е идеалниот есенски тренд

Брановидната летна коса на Меган Маркл е идеалниот есенски тренд

од nenad
1 минути читај за



Откако се појави во јавноста, Меган е инспирација за сите без разлика дали е мода или коса во прашање. Така и овој пат нејзините брановидни прамени одлично го комплетираа изгледот и се причина за нов есенски тренд.

Војвотката од Сасекс го зацврсти својот препознатлив стил како лежерен, модерен член на кралското семејство, а нејзиниот најнов изглед на црвениот тепих одлично ја покажа оваа естетика.

Меган се појави на CHLA Галата во Лос Анџелес облечена во веќе видениот црвен фустан од Каролин Херера. Изгледот не го комплетираше со накит, туку со соодветни црвени чевли. Она што секако привлече внимание е нејзината коса, обликувана во пуштени бранови.

 

View this post on Instagram

 


Поврзани објави

Овој впечатлив изглед со летен печат ( иако е октомври ) , му оддаде почит на летото но и докажа дека одлично се вклопува и во есенскиот период како и во елегантни изданија. Накратко, тоа е совршена шик фризура без многу труд која прави да изгледате совршено.

Остатокот од нејзиниот гламурозен изглед беше едноставен. Својата шминка ја комплетираше со маскара,руменило и голи усни, а нејзиниот маникир го поврза овој неутрален глам изглед.

Фото: Инстаграм