Table of Contents
Џастус Рид, американски инфлуенсер, кој пред три месеци за само 5.000 евра купи стара куќа во Загорје, редовно на социјалните мрежи објавува снимки од текот на реновирањето. Во оваа авантура му помагаат пријателите и соседите, а неодамна со возбуда сподели дека конечно добил струја. Но, токму тогаш откри нешто неочекувано зад еден ѕид.
Старо откритие во малата соба
Додека работеле во една од собите, Рид и неговите пријатели забележале пукнатина. Кога почнале да го отстрануваат малтерот, наишле на стар оџак. Инфлуенсерот одлучил дека нема потреба од него, па целосно го урна и на тој начин ја прошири просторијата.
Не планирав ништо да рушам, но навистина не ми треба оџак, а оваа соба е премногу мала“, објасни Рид.
Следбениците на Инстаграм веднаш реагираа со коментари:
Ова е неверојатно интересно“, „Највозбудливата содржина на социјалните мрежи во моментов“.
Неговиот профил веќе брои повеќе од 6,7 милиони следбеници.
Поврзани објави
„Првите две недели се најтешки“
Новинарска екипа од Zagorje.com го посети Рид во Крапинско-загорската жупанија, длабоко во шумата. Тој прифати интервју, но под еден услов – да не се открива точното место каде што се наоѓа куќата.
Војската ме научи дека првите две недели секогаш се најтешки. Тогаш најмногу мислиш да се откажеш. Но по еден месец веќе се навикнуваш. Така е и овде – почнав и нема да застанам. Знам дека ‘идниот јас’ ќе ми биде благодарен што не сум се откажал. Сакам да направам бања, да го преуредам поткровјето во спална соба и ова да стане мое вистинско прибежиште, место каде што ќе можам да се изолирам, да се одморам и да ги наполнaм батериите“, раскажа инфлуенсерот.
„Балканизиран“ Американец
Цастус Рид за кратко време стана вистинска интернет-ѕвезда на Балканот, благодарение на својот специфичен хумор и љубопитен пристап кон локалната култура. На својата официјална страница се опишува како „балканизиран американски инфлуенсер“.
Роден е на 18 јули 2000 година во Јужна Дакота, а со креирање содржини почнал во 2021 година – главно за автомобили и нивна реставрација. Еден од првите видеа што му донесе голема популарност во регионот беше посветено на легендарното „југо 45“.
Видео: Инстаграм