Почетна ПопуларноШпански дипломат: Шпанија нема да ја признае независноста на Косово

Шпански дипломат: Шпанија нема да ја признае независноста на Косово

од nenad
1 минути читај за
t

Шпанија, која претседава со Европската унија до Нова година, нема да го промени својот однос кон Косово, објави денеска Газета експрес, повикувајќи се на неименуван шпански дипломат.

-„Шпанија останува на ставот дека не ја признава еднострано прогласената независност на Косово. Ја браниме потребата косовското прашање да се реши преку дијалог меѓу Белград и Приштина“, рече овој дипломат.

Тој додаде дека поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија, сега шеф на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, е многу заинтересиран за решавање на косовското прашање.

„Време е да се вложат последните напори за решавање на косовското прашање. Имаме висок претставник со голем интерес да помогнеме во решавањето на конфликтот и целосно ја поддржуваме работата на специјалниот претставник Мирослав Лајчак“, изјави неименуваниот дипломат за Газета експрес.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.