Варшава се надева дека Вашингтон ќе интервенира во спорот со Киев, кажа Акадиуз Муларчик.
Вашингтон треба да интервенира во дипломатскиот спор помеѓу Варшава и Киев околу житото, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Аркадиус Муларчик во интервју за полско радио.
„Се надевам дека несреќните изјави од украинските политичари ќе престанат“ рече тој и додаде дека „се надева дека вмешувањето на САД ќе ги олади вжештените глави на Украинците“.
Тој се пожали дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и други украински официјални лица се однесуваат апсолутно нефер кон Полска и дека Варшава нема да дозволи такви навреди, откако Полска толку многу ѝ помогна на Украина во војната со Русија. „Полска не го заслужува ова“, додаде тој.
.