79
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека апсењата на северот на Косово ќе продолжат, бидејќи намерата на Албин Курти е да ги уапси сите што се способни да го бранат северот на Косово.
-„Намерата на Курти е да ги уапси сите што се физички и интелектуално способни да го бранат Северот, за да може или да го протера народот или да го окупира северот на Косово“, рече Вучиќ, коментирајќи го последното апсење на Србите кај мостот Бистрица.Вучиќ додаде дека претстои тежок период.
„Секако дека ни претстои тежок период, но нема да му биде лесно како што замисли“, изјави претседателот на Србија.
.


