Почетна ПопуларноШолц: Не сакаме конфликтот во Украина да прерасне во војна меѓу Русија и НАТО

Шолц: Не сакаме конфликтот во Украина да прерасне во војна меѓу Русија и НАТО

од nenad
1 минути читај за
t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин му дава значителна помош на Киев, но дека не сака конфликтот во Украина да се претвори во војна меѓу НАТО и Русија.

За време на „денот на отворени врати“, кога канцеларката одговара на прашањата на обичните граѓани, Шолц рече дека Германија е должна да и помогне на Украина и дека тоа активно го прави бидејќи е втор донатор на помош за Киев, по САД. Сепак, според неговите зборови, Берлин се обидува внимателно да ја разгледа секоја одлука за воена помош за Киев и да разговара за секој потег со своите сојузници.„Не сакаме руско-украинската војна, која ја започна Русија, да се претвори во војна Русија-НАТО“, рече Шолц.

Во петокот, шефицата на Одборот за одбрана на германскиот Бундестаг, Мари Агнес Штрак Цимерман, се заложи за што поскоро испорака на крстосувачки ракети Таурус во Украина. Тие проектили се контроверзни поради нивниот дострел од 500 километри. Досега Германија во принцип не го снабдувала Киев со оружје со такви карактеристики.

.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска