Клои Кардашијан го прослави седмиот роденден на својата ќерка во Лос Анџелес, а потоа сподели фотографии на социјалните мрежи.
Ријалити-ѕвездата Клои Кардашијан привлекува внимание на секој чекор, а неодамна буквално ја разгори јавноста кога изјави дека би го прекинала целибатот со Крис Еплтон, фризерот на сестрите Кардашијан.
Клои сега го прослави роденденот на ќерка си, која ја доби во врската со Тристан Томпсон, но оваа пригода привлече многу повеќе внимание поради нејзиниот аутфит. Таа избра спортска варијанта – класична бела кратка маица, која ја искомбинира со модерен крој фармерки, додека модниот изглед го заокружи со ѓердан и ефектен прстен.
Поврзани објави
Како и нејзините сестри, така и Клои доминира на јавната сцена, без разлика дали се работи за изгледот или модните комбинации. Иако славните сестри често се цел на негативни коментари, изгледа дека тоа не ги погодува премногу.
Многумина забележаа дека ријалити-ѕвездата носи еден од најмодерните модели фармерки, кои сигурно веќе ги преплавиле и улиците на метрополите.
Клои неодамна зборуваше и за страшната дијагноза со која се соочила. Откако ѝ беше дијагностициран рак на кожата, на нејзините образи останаа вдлабнувања, поради што мораше да се подложи на естетска операција.
Фото: Инстаграм