Почетна Убавина и здравјеШирговска: Среќни апчиња | Lady

Ширговска: Среќни апчиња | Lady

од nenad
1 минути читај за

Дали имаш малку време за мене, во твојата преокупираност да не правиш ништо ?
Еден ден , ветрот ќе ги одвее страниците на животот кој го потрошивме в кафеана .
Денот кога не направивме еден чекор понапред од другите .

Секундите не стареат, ама ние седиме в место , го трошиме сработеното од пред векови .
Во книгата на животот ќе се собираат лекарски извештаи и се’ повеќе рецепти за среќни апчиња .
Да ! Среќни апчиња , тие што ја ублажуваат тагата , ги смируваат по малку воздишките и човек заспива .
Ќе се разбуди во истата приказна , гледајќи го сонцето , но душата повторно ќе побара среќно апче , бидејќи сонцето свети , но душата ќе плаче .
Заради се’ !

Ќе плаче за утра со насмевки и убав разговор, ќе плаче за книгите фрлени во заборав , оние од кои учеа генерациите пред нас , ќе плаче за неизживеани спомени и азбуката која требаше да ја пишуваме по редослед , но ние го измешавме текстот, ги измешавме буквите …

НАШИОТ МАЈЧИН ЈАЗИК

А-Авијација
Б-Болници В-Ветеринарство
Г-Градинарство
Д-Дипломатија
Ѓ-Ѓерамидници
Е -Едукација
Ж-Железници
З-Земјоделие
Ѕ-Ѕидари
И-Иницијативи, иновации
Ј-ЈАЗИК
К-Копачинарство
Л-Летала, лекари
Љ-Љубезност
М-Машинопроизводство , магистратури
Н-НАУКА
Њ-Њујоркер
О-ОБРАЗОВАНИЕ
П-Производство
Р-РАБОТА
С-Стручност
Т-Телекомуникации
Ќ-Ќирилица
У-УСПЕХ
Ф-ФАБРИКИ
Х-Хемиски лаборатории
Ц-Централи
Ч-Читање
Џ-Џабе работа , може поинаку
Ш-Штетата ја правиме ние самите и никој освен нас не може да го поправи тоа што се растура и уништува , ..
А заминувањата се’ повеќе болат .Болат до немајкаде , но срцето трпи и пак ќе ги побараме тие ..

Среќни апчиња ..Оливера Ширговска

Инспирирано од: lady.mk

Leave a Comment