Почетна Убавина и здравјеШирговска: Кога одиш во матично, дали имаш претстава за иднината и животот воопшто?

Ширговска: Кога одиш во матично, дали имаш претстава за иднината и животот воопшто?

од nenad
1 минути читај за

Кога одиш во матично
Кога одиш во матично, дали имаш претстава за иднината и животот воопшто ?
Кога одиш во матично да се венчаш со писател ..
Треба матичарот да ти ја прочита неговата биографија, така ќе дознаеш за ноќите непроспиени, за денот со букви и воздишки, зе еден живот со чувства и немир, за една душа која диши со Љубовта .
Ќе дознаеш за еден поинакив свет, различен од секојдневието во зачадени простории со еден тон неважни реченици на месенџерот, бидејќи одамна престанавме да зборуваме.
Ќе ја дознаеш неговата детска природа, но обиди се и да го разбереш оној детски сјај во очите .
Ете тој сјај наликува на божиќна бајка во која илјадници сијалички ја осветлуваат неговата душа .
Само погледни го, тој не е чудак, ниту лудак, тој е човек кому душата му мириса на полско цвеќе штотуку набрано од градината на животот.
Ете за него, ќе дознаеш се, само ако малку се потрудиш да навлезеш под површината на кожата, ќе ги осетиш лузните и илјадниците зашиени рани. Тој крварел многу повеќе од пациентот во салата, но неговите рани ги шиел животот.
Обиди се да го разбереш, не сака тој луксуз и сјајни површини, тој сака едно мало нерамно масиче со чвор на средината , една мала вазничка со букет од цвеќенца .
Обиди се да го разбереш и заедно да ја пишувате книгата на животот, неговата душа ќе ти биде мека постела , каде уморно ќе ја навалиш својата немоќ .
Не дека тој е многу силен, туку душата негова ќе ти ги смири сетилата, немирите и дилемите, давајќи му нова димензија на животот, тој што дотогаш не си го разбирал, но со него секој нов ден ќе биде светлина , бидејќи сјајот на душата е токму светлината што недостига ..
Автор: Оливера Ширговска