Иако има само 10 години, принцезата Шарлот, второто дете на принцот и принцезата од Велс, веќе важи за вистински „шеф на семејството“. Според кралски извори и набљудувачи, младата принцеза не се плаши да го искаже своето мислење и често презема водечка улога во семејната динамика.
Со својот палав, но решителен карактер, Шарлот не само што ги држи браќата под контрола, туку и редовно им укажува на родителите кога да престанат со јавни искажувања на наклонетост. Таа исто така често е забележана како стилски ги координира своите облеки со другите членови на кралското семејство.
Поврзани објави
Принцезата ја покажа својата решителност и во јуни 2024 година, за време на традиционалната церемонија „Trooping the Colour“. Камерите ја уловија како ѝ помага на својата мајка да го држи под контрола својот помлад брат, принцот Луис, кој, како типично седумгодишно дете, беше видно вознемирен од долгите формалности. Додека Луис правеше гримаси и си играше со завесите, Шарлот му се обрати и му рече: „Мора да престанеш да го правиш тоа. Гледај ја парадата“, на што тој весело одговори: „Нема да ја гледам“.
И покрај потенцијалот за идни кралски улоги, нејзините родители, принцот Вилијам и принцезата Кејт, сакаат Шарлот и нејзините браќа, Џорџ (11) и Луис (7), да имаат што е можно понормално детство. Кениг предвидува дека Шарлот би можела да започне со кралски должности по нејзиниот 18-ти роденден и ја нарекува „тајното оружје на кралското семејство“.
Зад фасадата на кралската помпезност, децата на принцот и принцезата од Велс живеат живот што во многу нешта наликува на оној на нивните врсници, се радуваат на фудбал, прават гримаси и сакаат да јадат пица. Колку и да се различни нивните околности, детството останува приоритет.
Фото: Инстаграм Принтскрин