Почетна ТехнологијаЧеститка од претседателот Јован Митрески по повод Меѓународниот ден на трудот

Честитка од претседателот Јован Митрески по повод Меѓународниот ден на трудот

од nenad
1 минути читај за

Почитувани,

Дозволете,одименапратеницитевоСобраниетонаРепубликаСеверна Македонија и од мое лично име, да упатам честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на оваа држава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

Денешниот датум е уште една можност да се потсетиме дека почитувањето и  соодветното вреднување на трудот на работникот е темелот на изградбата на  рамноправно, економски просперитетно и социјално праведно општество. Тоа се премисите до кои треба да се придржуваме секојдневно, креирајќи и реализирајќи политики кои обезбедуваат поддршка на домашните претпријатија, привлекување странски инвестиции, отворање нови работни места, раст на платите. И кои им овозможуваат на граѓаните да се чувствуваат достоинствено, валоризирани и

продуктивни на своите работни места, придонесувајќи на тој начин и за развојот на државата.

Овој собраниски состав ги донесе измените на Законот за минимална плата, со кои се утврди методологија за постојан раст на платите и на стандардот на граѓаните, со што е постигнат значаен исчекор во унапредувањето на правата на работниците. Сепак,во оваа прилика, сакам да го изразам моето убедување дека борбата за работничките права не престанува никогаш и дека, независно од моменталните политички или економски прилики, секогаш е неопходно да се развива социјалниот дијалог на различни нивоа, меѓу работниците, синдикатите, работодавачите, стопанските комори и властите. Постојанотоунапредувањенаработничкитеправа,настандардотнаработниците, на условите за работа, на безбедноста на работните места мора да биде приоритет за сите релевантни, политички и општествени чинители. Тие фактори ги мотивираа работниците да ги вложат сите знаења и потенцијали во исполнувањето на своите работни обврски, чувствувајќи дека не се оставени сами на себе да го носат товарот на економските предизвици.

Нека ни е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Да продолжиме да бидеме трудољубиви, рамноправни, како и храбри ир ешителни во зачувувањето и унапредувањето на работничките права.