Фото: Facebook/Vlado Misajlovski
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка, во која ја истакна важноста на слободата, државноста и одговорноста за иднината на земјата.
„Денешниот празник е нашиот потсетник за долго посакуваната слобода и независна држава.
На денешен ден македонските граѓани го кренаа својот глас на отпорот. Храброста, одлучноста, непоколебливоста и силната верба го отворија патот за македонската државност.
Нашите предци се бореа за правда, слобода и независна држава, а нам ни е должност да ја зачуваме слободата, безбедноста и да дадеме свој придонес, Македонија да ја изградиме сигурна, посилна и попросперитетна.
Љубовта кон татковината не се докажува само со почит кон нејзиното минато, туку и со одговорност за нејзината иднина.
Нека е вечен споменот на борците за слобода“, се наведува во честитката на Мисајловски.
Post Views: 75
Извор : vesnik-ilinden.com