Почетна ЕкономијаЦУК: Пожари активни во „Јасен“ и атарите на Беловодица и Церово

ЦУК: Пожари активни во „Јасен“ и атарите на Беловодица и Церово

од nenad
1 минути читај за

Во изминатите 24 часа, на територијата на нашата земја, се случија вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои во моментов активни се три, објавија утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на териториите на општините Македонски Брод, Прилеп, Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во околината на селото Беловодица, на местото наречено „Ливада“, гори букова шума.

Во близина на селото Церово, пак, горат нискостеблеста дабова шума и остатоци од сеча.

Од веќе згаснатите пожари, по два беа регистрирани во општините Гостивар, Петровец и Тетово, додека останатите избувнаа во регионите на Гази Баба, Долнени, Желино, Крушево, Неготино, Радовиш, Струга, Студеничани и Чишиново-Облешево.

бд/вг/Фото: МИА архива

Извор: МИА