Во Светиниколско имало пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе, каде гореле нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории, во Тетовско ниска вегетација покрај патот кон Попова Шапка, а во Битолско имало повеќе од 10 пожари,
Во Прилепско горела ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонија и ниска вегетација кај село Дебреште, во Струмичко горело стрниште, ниска вегетација и ѓубре во село Секирник, површина од 2 до 3 ха, во Богранци нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација кај м.в. Брдаров камен, како и нискостеблеста шума – прнар село Николич.Повеќе пожари имало и во Кумановско, Радовишко, Виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце. Во овој момент нема активни пожари.