Почетна Убавина и здравјеПрија потроши илјадници евра за партали! Пејачката преку ноќ заработи цело богатство – Убавина и здравје

Прија потроши илјадници евра за партали! Пејачката преку ноќ заработи цело богатство – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Александра Пријовиќ не штеди пари кога е во прашање нејзината гардероба…

Александра Пријовиќ, моментално е најбараната пејачка во регионот. Минатата година ја започна турнејата „Од исток кон запад“, која се уште трае. Младата музичка ѕвезда до сега полнеше различни арени и концертни сали и се пресоблекуваше неколку пати на секој настап. Ништо поинаку не беше и минатиот викенд кога пееше во Будва.

Прија заработува многу, но и троши многу, најмногу на облека и накит. За тој настап во Будва заработила 40.000 евра, додека само за фустаните, сандалите и накитот што ги носела таа вечер потрошила 26.437 евра!“ – вели извор близок до пејачката.

Додава дека Прија двапати се пресоблекла во Будва:


Поврзани објави

Прија за тој концерт донесе две тоалети. Синиот фустан „Дејвид Кома“ ја чинел 2.422 евра, додека за екстравагантен фустан од сребрени циркони од брендот „Атико“ потрошила 2.130 евра. Очекувано носеше и добри чевли, а за блескавите сандали „Џими Чу“ издвои 2.935 евра. Од накит имала нараквица и обетки „карти“, кои заедно чинат 12.050 евра, како и прстен „булгари“ вреден 6.900 евра.“

Истиот соговорник вели дека Прија се грижи за сите детали, па затоа не штеди пари. Најважно и е публиката да си помине одлично.

Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: