Јелена Радловачки, кандидатка на Цеца, вчеравечер во „Ѕвездите на Гранд“ ги одмери силите со Маја Дамески од тимот на Ана Бекута.
Јелена освои пет гласа од жирито, додека Маја доби три гласа. Овој резултат значеше дека Маја повторно влезе во баражот, додека за понатамошниот пласман на Јелена ќе одлучи Саша Поповиќ.
Ана Бекута и Светлана Цеца Ражнатовиќ не беа задоволни од коментарите на жирито, па го кажаа своето мислење за настапите на нивните кандидати.
Им благодарам на колегите кои ја поддржаа Јелена, мислам дека си оштетена затоа што брилијантно пееше, презадоволна сум од твојот настап. Секој има право да гласа како што сака, тоа е негов срам, народот гледа и слуша подобро од другите – започна излагањето на Цеца, а Мили ја праша дали нејзината изјава се однесува на него, на што таа му возврати:
Ма, тебе ли те прозвав! Зборуваш за Маја, која е од Белград, за дикција, а ти си прв што ја немаш, ајде те молам поим немаш и коментираш некого – Цеца ја почна пресметката со колегата.
Откако Милиграм ја пецна со коментарот дека и неа ја научил некои работи, Ражнатовиќ експлодира од бес.
Поврзани објави
Грешиш кога зборуваш, не го знаеш јазикот! Молчи, те молам – го искара Цеца, па додаде:
Уживаш да ги сопнуваш кандидатите – рече Цеца.
Во оваа дискусија се вмеша и Ана Бекута, која тврдеше дека воопшто не е оштетена кандидатката на Цеца, туку Маја, и тоа поради негласањето на поединци.
Ајде, нема смисла. Срам да ви е! Верувам дека Маја ќе грми во баражот, сега е живот или смрт, дај се’ од себе – рече лутата Бекута.
Иако Јелена имаше можност да го добие златниот глас на продукцијата, Саша Поповиќ сепак одлучи двете кандидатки уште еднаш да се покажат во баражот.
Фото: Youtube printscreen/Zvezde Granda