Цената на суровата нафта Вест Тексас интермедит (WTI) денеска порасна на 65 долари за барел, што е највисоко ниво во последните два месеци, пред се поради трговските преговори меѓу САД и Кина, како и зголемената побарувачка во текот на летото.Американските и кинеските официјални лица се состанаа во Лондон по неодамнешните разговори меѓу претседателот Доналд Трамп и Кси Џингпинг, што ги поттикна надежите дека тензиите во тарифите може да се намалат, зголемувајќи ја глобалната побарувачка на нафта, објави „Трејдинг Екомоникс“.Медиумите потсетуваат дека се наближува шпицот на летната туристичка сезона која вообичаено ја зголемува потрошувачката на гориво и ги зголемува цените.