Иако минатата година кружеа шпекулации дека венчавката ќе чини дури 600 милиони долари, Безос го негира тоа – од вистинската цифра ќе ви се заврти во глава
Светскиот моќник и еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос, и неговата избраничка Лорен Санчез, оваа недела конечно ќе го изговорат судбоносното „да“ на раскошна церемонија во Венеција. Тие се свршија уште во мај 2023 година, а венчавката ќе се одржи во сабота на 27 јуни.
Според странските медиуми, прославата ќе биде навистина спектакуларна. Се очекува меѓу гостите да бидат некои од најголемите светски имиња, од Кејти Пери и Опра Винфри до Мик Џегер и Иванка Трамп.
Иако минатата година кружеа шпекулации дека венчавката ќе чини дури 600 милиони долари, Безос го негира тоа. Но новите извештаи покажуваат дека вкупните трошоци, сепак, ќе бидат исклучително високи, помеѓу 15 и 20 милиони долари. Голем дел од буџетот ќе оди за забавните програмата – постои можност Безос и Санчез да платат дури 5 милиони долари за настап на артисти како Бијонсе или Андреа Бочели.
Двојката наводно поканила околу 200 гости, кои ќе доаѓаат на необични начини. Приватните авиони, луксузните јахти и трансферите со хеликоптер би можеле да чинат помеѓу 500.000 и 2 милиони долари, во зависност од безбедносните и логистичките барања.
Обезбедено е и луксузно сместување за гостите, кое секако вклучува хотели со пет ѕвезди.
Тука е и венчаницата на Лорен Санчез, за која се шпекулира дека чини повеќе од милион долари. Според експертите, високата мода за такви пригоди се движи помеѓу 500.000 и милион долари, особено ако станува збор за уникатен фустан од луксузна модна куќа, како „Диор“, „Валентино“ или „Ели Сааб“. Во комбинација со неколку преслекувања, стилистите и скапиот костим за Безос – трошоците само растат.
Поврзани објави
Фаворитот на Лорен за венчаница е „Долче и Габана“, иако се споменуваат и „Оскар де ла Рента“, „Вера Ванг“ и „Живанши“. Тука се и трошоците за цветни аранжмани, декорации, фотографи, кетеринг, подароци гостите и, секако, врвен организатор на венчавки.
Интересно е што 80 отсто од снабдувачите на младенците за венчавката се локални, во знак на благодарност за градот домаќин.
Но не се сите воодушевени од доаѓањето на двојката во Венеција. Додека секој детаљ од венчавката внимателно се планира, граѓаните на Венеција протестираат.
„Венеција се третира како излог, како театар… А оваа венчавка е симбол на експлоатацијата на градот. Венеција стана обично средство“, рекла локалната активистка Федерика Тонинели за Би-Би-Си.
Демонстрантите планираат директна акција – скокање во каналите за да ги блокираат водените таксиња и затворање на тесните венециски улици за да им го спречат пристапот на познатите гости.
ФОТО: Инстаграм