Table of Contents
Рамсторе во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет организира хуманитарна акција за помош на граѓаните погодени од силниот земјотрес кој ја зафати Р.Туркије со епицентар во Кахраманмараш, со поставување на кутии за донација во повеќе локации како што се: ( Рамсторе маркетот во Рамстор Мол,Рамстор Капитол Мол, Рамстор Сити Мол, Рамсторе Чаир, Рамсторе Водно, Рамстор Тетово Палма Мол, Рамсторе Карпош и Рамстор Гостивар.
Сите заинтересирани граѓани можат да ги достават своите донации во обележаните кутии за донација во било која од горенаведените локации почнувајќи од денес па се до петок до 22:00 часот.
Потребни и најнеопходни средства за донација се:
-ракавици
-капи
-монтки
-јакни
-чизми
-хигиенски средства за чистење
хигиенски влошки
-пелени
-бебешка храна
-влажни марамчиња
-перници
-јоргани
-Перници
-ќебиња
-конзервирана храна
Донацијата ќе биде доставена до АФАД Туркије (Центар за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Туркије)
Тимот на Рамсторе е во постојана комуникација со надлежните служби и институции и како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да придонесуваме се што е потребно за оние на кои што им е неопходна помош-изјавуваат од Рамсторе.
Рамсторе Македонија го изразува своето длабоко сочуство до семејствата кои ги загубија своите сакани за време на катастрофалниот земјотрес. Се надеваме дека сите оние кои беа повредени или затекнати во оваа катастрофа ќе имаат брзо заздравување.