Модераторката Билјана Дебарлиева ја отвори четвртвата панел дискусија на Профемина 2022, а темата на која говореа панелистите беше: Хронична венска болест, и како да се справиме со истата?Дискусијата ја почна прим. д-р Мери Шорова, специјалист-трансфузиолог која на присустните им објасни кои се проблемите кои доведуваат до појава на проширени вени и хронична венска болест. Па истакна дека- првично, проширените вени се само естетски проблем, но подоцна се појавуваат отоци, болка, воспалителни процеси и непријатни чувства. Таа порача дека е од особена важност навремено препознавање на симптомите и спречување на прогресија на болеста, се рабира исклучиво со раниот третман. А кога можеме да делуваме против-се е полесно. Го препорача производот Флебавен, кој докажано има најголмо антифламаторно дејство во однос на проширените вени.Фармацевт Весна Старова ги напомена нус факторите кои влијаат за создавањето на венска болест, па како примарен го истакна наследниот фактор, а потоа возраста и бременоста…но, не треба да се занемари и долгото стоење на нозе, скршеници и повреди на коски, но од нејзиното искуство и од сите спроведени досегашни истражувања ништо не се споредува со наследноста. Односно оние кои имаат во семејството, мајки баби и дедовци со ваков здравствен проблем, 80 процентна е можноста дека ќе се соочуваат со истото во текот на животот.Додаде дека она што можеме да го направиме како превенција е да пешачиме, да не седиме предолго, да спортуваме, да носиме компресивни чорапи кои се направени специјално за оваа намена а ќе ни ги препорача лекар специјалист. Препорачливи се и гелови, но акцентираше дека геловите за жал делуваат само локално. Сепак доколку се спроведува сето ова постои голема можост да се спречи длабока венска тромбоза. Поврзани објавиПроизводот кој го препорачаа докторките како број еден спасител во ваква здравствена состојба – Флебавен и сите негови позитивни ефекти, на публиката и ги објасни фармацевт Милена Ѓошевска, претставник на Крка фарма-Скопје. Таа истакна дека Флебавенот е вазопротектор и венотоник од природно потекло, и тој овожможува третман на хронична венска болест и хемороиди. Ја намалува појавата на отоци и се користи за стабилизација на капилари.Драгана Младеновска фитнес тренер, истакна дека пешачењето е број еден спорт кој помага против процесот на проширување на вените, и дека секој има време барем 30 минути во денот за подобрување на своето здравје, односно да испешачи.На прашањето на Дебарлиева што најдобро да се конзумира од храна, а би ни користело доколку имаме ваков здравствен проблем, објасни дека најадекватна е храната богата со многу влакна и антиоксиданси.Оваа панел дискусија беше заокружена со деделување на подароци за најсреќните кои ги подговија Крка и Ревалид.
Хронична венска болест и успешно справување со истата! – Убавина и здравје
85