Полицијата испрати соопштение за резултатите од Центарот за форензички истраги и вештачења „Иван Вучетиќ“, кој извршил вештачење по спорни и неспорни примероци кои и биле доставени по налог на Општинското државно обвинителство во Риека.
Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високо алкална воден раствор (pH=13,6), соопшти полицијата.Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач, велат од полицијата.