Веста за разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер шокира многумина, но изгледа поранешните сопружници набрзо успеале да најдат утеха.
Холивудскиот актер Кевин Костнер и неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер ја завршија мачната постапка за развод пред помалку од една година.
Двајцата се бореа за старателство, но и за алиментација, па сега наместо посакуваните 165 илјади долари месечно, Кристин добива „само“ 60.
Меѓутоа, набргу потоа Кристин си најде нов партнер, пријателот на Кевин, Џош Конор, а се шпекулираше дека го изневерувала актерот со него додека биле во брак.
Поврзани објави
Сега, како што пренесува People, парот се сврши и планира свадба. Сето тоа се случило на интимна вечера во Санта Барбара, а извор близок до семејството открил дека и двајцата биле возбудени и дека го планирале тоа подолго време.
Во меѓувреме, сè погласни се гласините дека Џенифер Лопез е лудо вљубена во Костнер, што сè уште не е официјално потврдено, но ништо не е невозможно.
Костнер и Кристин беа во брак 20 години и заедно имаа две деца. Интересно е тоа што Кристин сакала да ги користи децата како оружје за време на разводот, па на судењето истакнала дека нивните деца биле навикнати на луксузен начин на живот, а тоа им било врежано во ДНК.
Фото: Инстаграм