Овој модел е класа сам по себе и нема рок на траење.
Холивудската актерка Кира Најтли не се појавува често во јавноста, но бидејќи е една од пријателите и амбасадорите на француската модна куќа Шанел, не можеше да ја пропушти нивната ревија на модната недела во Париз.
Згодната бринета ја следеше ревијата на култниот бренд од првиот ред, а на настанот пристигна во парчиња со потписот на славната модна куќа.
Поврзани објави
Кира изгледаше многу софистицирано и романтично во прекрасен бел фустан во А-крој од новата колекција на Шанел. Станува збор за нежна и елегантна креација, која има моќ секоја жена да ја претвори во модерна принцеза за неколку секунди.
Познатата актерка го комплетираше изданието со дијамантски обетки, мала, бела чанта и фантастични чевли, повторно со потпис на Шанел. Токму овие чевли ѝ дадоа посебен шарм на целата комбинација, правејќи ја уште поскапа и попривлечна.
Спаѓаат во класата на класични, двобојни Шанел чевли инспирирани од моделот Мери Џејн, а Кира ги одбра оние во безвременска црно-бела комбинација, со ремче околу зглобот и средно висока потпетица.