Холандските власти спроведуваат истрага за евентуален саботажен чин врз железничката инфраструктура, откако прекин во снабдувањето со електрична енергија резултираше со ограничен железнички транспорт до клучниот аеродром во државата, непосредно пред почетокот на дводневниот самит на лидерите на НАТО во Холандија.
Вршителот на должноста министер за правда, Давид ван Вил, изјави дека инспекторите испитуваат дали пожарот во близина на железничките кабли е намерен акт. „Може да биде активистичка група. Може да биде друга земја. Може да биде што било“, рече тој.
Настанатата штета предизвика пречки во железничкиот сообраќај, со прекин на линијата помеѓу аеродромот и главниот град на државата, Амстердам.
Според информациите од сервисниот оператор ProRail, прекинот во напојувањето се случил утрово во близина на аеродромот.
Истрагата покажа дека пожарот, во кој беа зафатени околу 30 кабли, предизвикал “значителна штета”. Компанијата ProRail објави дека очекува повторно воспоставување на нормален сообраќај до вечерните часови.
Привремените бариери и металните огради околу просторот каде што се одржува самитот се дел од обемната воена и полициска операција наречена “Портокалов штит”, чија цел е да се гарантира безбедноста на 32-та лидери на НАТО.
зш/ .
Извор: МИА