Почетна ЕкономијаХоландија го обнови проектот за Судскиот совет кој беше суспендиран по разрешувањето на Дамева

Холандија го обнови проектот за Судскиот совет кој беше суспендиран по разрешувањето на Дамева

од nenad
1 минути читај за

Од денешната средба на претседателката на Судскиот совет. Весна Дамева. со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирки Јан Коп / Фото: Амбасада на Кралство Холандија во РСМ
Обновувањето на проектот доаѓа по враќањето на Дамева на чело на Судскиот совет откако Управниот суд во декември лани пресуди дека таа била разрешена од функцијата незаконски и без образложение.

   

Претседателката на Судскиот совет, како што соопштија оттаму, денеска се сретнала со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој ѝ го предал известувањето за обновување на проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, финансиран од владата на Холандија.Дамева освен за обновувањето на проектот изразила благодарност и за дадената доверба и поддршка.

„Претседателката Дамева изрази искрена благодарност за заложбите на амбасадорот Коп и Владата на Кралството Холандија, кои во исклучително краток период го обновија овој клучен проект за Судскиот совет на Република Северна Македонија, а воедно изрази благодарност и за дадената доверба и поддршка“,се наведува во соопштението на Судскиот совет.

За средбата преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информираа и од Амбасадата на Холандија во земјава. Оттаму велат дека одлуката за продолжување на проектот МАТРА е донесена, односно се заснова на детална анализа на позитивните случувања во Советот, како и на барањето на Дамева и изразената посветеност од нејзина страна за целосно спроведување на препораките на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ).