Американскиот дипломат повтори дека САД ја почитуваат ЦБК како институција одговорна за монетарните политики на целата територија на Косово и не ја оспоруваат одлуката за еврото како единствена валута за готовински плаќања, но рече дека „работата не е до динарот, туку до начинот на имплементација“.
– Загрижени сме дека тоа може да влијае на ранливото население, особено на заедницата на косовските Срби, и мислам дека е важно да се промени начинот на имплементација и нашите разговори за ова прашање продолжуваат, рече Ховениер.Тој додаде дека Бислими не ги кажал предлозите на Косово, бидејќи рече дека Владата работи на нив, а изрази оптимизам за средбата најавена за следната недела.
Во вторник, 19 март, беше постигнат договор меѓу Косово и Србија за испраќање предлози за излез од динарскиот ќорсокак. Страните имаат рок до петок да ги испратат предлозите, а потоа за нив ќе се разговара во понеделник во Брисел на средбата на главните преговарачи.Регулативата на ЦБК стапи на сила на 1 февруари и покрај меѓународните приговори. Со неа се забранува употреба на други валути освен еврото. Србите на косовскиот север веќе 20 години примаат од Србија плати, пензии, социјални додатоци и слично во динари.