Почетна Убавина и здравјеХирурзи од Турција го направиле невозможното! – Убавина и здравје

Хирурзи од Турција го направиле невозможното! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Колку ринопластиката може да промени нечиј изглед најдобро се гледа од примерот на извесна госпоѓа Дилек, која си го оперирала носот во Турција

Повеќе од 28 илјади луѓе воодушевено го коментирале изгледот на извесна госпоѓа Дилек, која имала две операции на носот.

Таа одбрала турска клиника за да ги направи овие операции.

„Нашата прекрасна пациентка, госпоѓата Дилек, по 2 години ринопластика и блефаропластика“, пишува во описот на фотографијата, на која се гледа како оваа жена изгледала пред и по пластичните операции во една позната турска клиника во Истанбул, а резултатите се неверојатни.

Покрај операција на носот, госпоѓата направила и подигнување на капаците, што резултирало со неверојатна трансформација. Многумина коментирале дека изгледа како „самата себеси да си е ќерка“.


Поврзани објави

Во коментарите пишувале дека не им изгледа реално и дека невозможно е да се постигнат вакви ефекти, но ако се земе предвид фактот дека фотографиите се објавени на официјалниот профил на турската клиника на Инстаграм, кој брои речиси 600.000 следбеници, може да се заклучи дека резултатите од естетската и пластичната хирургија се далеку поневеројатни одошто можеме да си замислиме.

Поинаква боја на очи?

Она што многумина го забележале е дека оваа жена ја променила и бојата на очите од кафена во зелена, но од коментарите може да се дознае дека, сепак, станува збор само за контактни леќи во боја.

Во секој случај, најголемата трансформација (покрај ботоксот), ја постигнале двете споменати операции – ринопластика и блаферопластика.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @esteistanbul