Почетна Убавина и здравјеХанка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

од nenad
1 минути читај за



Популарната босанска пејачка Ханка Пладум се појави на Сареаво филм фестивал. Седумдесетгодишната пејачка на севделинки важи за една од најголемите дами на Балканот и во осмата деценија од својот живот го докажува тоа. Со грациозно движење, дамско однесување  и харизма ги освојува погледите.

За оваа пригода Пладум облече впечатлива црно-бела креација со модерна шапка. Но најголемо изненадување беше откако се сврте и покажа дека на задниот дел од долгата бела наметка е насликана картата на Палестина. Пејачката оваа прилика ја искористи за една силна порака „стоп за војната“.

 


Поврзани објави

Таа е и денес активна на сцената, објавува нов материјал, а годинава имаше и голем концрт во Арена Загреб.

Приватниот живот на босанската пејачка Ханка Палдум е исполнет со големи успеси, но и со сериозни животни искушенија, семејни трагедии и здравствени борби. И покрај статус на музичка ѕвезда, таа секогаш истакнувала дека нејзиниот приоритет во животот биле улогите на сопруга и мајка.  Најголемата лична болка на Ханка е нејзиниот син Мирзад Бркиќ. Тој со години предизвикуваше скандали во јавноста, имаше проблеми со законот, учествуваше во тешки сообраќајни несреќи и заврши во затвор.