101
Киев ќе живее во режим на екстремни ограничувања на електричната енергија во текот на зимата, изјави заменик-шефот на градската администрација Петар Пантелеев.
„Ситуацијата останува тешка. Работите за реновирање продолжуваат. Но, ограничувањата, прекините на струја продолжуваат… и цела зима ќе живееме во таква реалност, тоа мора да се разбере“, изјави Пантелеев за телевизија „Киев“.
Претходно украинскиот енергетски холдинг ДТЕК објави дека во Киев се уште се во сила итни прекини на струја, а стабилизирање на напонот во електроенергетските мрежи на главниот град на Украина не е можно повеќе од една недела.