Манекенката и водителка Данијела Димитровска веќе подолго време ужива во врска со фудбалерот Јеврем Косниќ, иако ретко објавува нивни заеднички фотографии. За убавината на Данијела Димитровска често се пишува, а своевремено големо внимание привлече нејзината врска со шест години помладиот дечко Јеврем.
Сега, Данијела реши на својот инстаграм-профил да објави фотографија на која позира со дечкото кој силно ја прегрнуваа одзади. Нејзината насмевка кажува сè за тоа колку ужива во неговото внимание, а она што на сите им привлече внимание е нејзината модна комбинација која ја истакна нејзината совршена фигура.
Поврзани објави
Димитровска носеше маица и хеланки во боја на кожа кои не би ѝ прилегале на секоја жена, сепак манекенката може да се пофали со извајано тело кое гордо го покажува.
Инаку, Данијела неодамна зборуваше за врската со Косниќ, како и за бракот.
Некои работи никогаш не се планираат, едноставно се случуваат. Никогаш не побегнав од брак. Кога има љубов, тогаш бракот е логичен редослед. Љубовта е нешто што секогаш ме водеше во животот. Тоа е првата станица од која почнува сè – изјави неодамна Данијела.
Фото: Инстаграм Принтскрин