Почетна Економија(ФОТО) Успешно е завршен проектот „Реконструкција на улица Индустриска“ во Општина Делчево, со проектна вредност од 13.472.579 денари, преку Министерството за транспорт

(ФОТО) Успешно е завршен проектот „Реконструкција на улица Индустриска“ во Општина Делчево, со проектна вредност од 13.472.579 денари, преку Министерството за транспорт

од nenad
0 минути читај за

Со проектот е реконструирана делница во должина од 500 метри, од мостот на реката Брегалница до клучката со транзитниот булевар „Македонија“.
Реконструкцијата опфати целосно обновување на коловозот со ширина од 6 метри, замена на долниот строј, поставување нов асфалт и реконструкција на тротоарските површини.
Улицата „Индустриска“ претставува една од значајните и фреквентни сообраќајници во Делчево. Таа го поврзува индустрискиот дел на градот со Градскиот пазар и населбите Расадник и Трети Реон, поради што нејзината реконструкција има непосредно значење и за граѓаните и за деловните субјекти.

Извор: ВладаМК

Фото: Принтскрин/Facebook