Почетна Технологија(ФОТО) Средба на Претседателот Гаши со амбасадорот на Република Казахстан во РСМ, Н.Е. г.Садбалди Буршаков

(ФОТО) Средба на Претседателот Гаши со амбасадорот на Република Казахстан во РСМ, Н.Е. г.Садбалди Буршаков

од nenad
1 минути читај за


Денешната средба со амбасадорот на Република Казахстан во РСМ, Н.Е. г.Садбалди  Буршаков , претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ја почна со  уверување дека средбата ќе претставува извонредна можност за размена на мислења и искуства за повеќе прашања од заеднички интерес.Претседателот Гаши изрази задоволство што билатералните односи меѓу Северна Македонија и Казахстан се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и заеднички интерес за натамошно проширување и продлабочување посебно од економски аспект. Ставовите на двете земји во врска со клучните прашања на меѓународната агенда се многу блиски. Северна Македонија ги поддржува иницијативите на Казахстан во меѓународните организации, а соработката на мултулатерален план е особено изразена во рамките на ОН и ОБСЕ.-нагласи Гаши.

Амбасадорот  на Република  Казахстан г.Буршаков изрази задоволство за одржување на средбата. Тој нагласи дека Казахстан е голем трговски партнер на ЕУ и од овој аспект и поддржувач на ЕУ интеграциите на нашата земја . Ја потенцираше и досегашната одлична соработка на двете земји  и изрази спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња посебно во полето на економија култура и други. Двете страни ставија акцент за надеж дека во иднина ќе се продлабочи  и парламентарната соработка посебно во ниво на претседатели на парламенти како и на  парламентарни групи за сорабтка. На крај на средбата двајцата соговорници се согласија дека интензивната институционална соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет.