Почетна Убавина и здравје(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

од nenad
1 минути читај за



Во пресрет на 50-тиот роденден, Лејла Филиповиќ ги воодушеви своите следбеници со фотографии на кои е облечена во тиркизен костим за капење, а комплиментите за нејзината витка фигура и долги нозе не изостанале.

Лејла Филиповиќ повторно го привлече вниманието на своите следбеници со нови летни фотографии. Поранешната Мис Хрватска, која ќе го прослави 50-тиот роденден во октомври, позирала покрај морето во едноделен тиркизен костим за капење и ја покажа својата витка фигура.

 

За фотографирањето таа избрала брег со карпи, а впечатливата боја на костимот за капење особено дошла до израз во контрастот со портокаловите и кафеавите тонови на карпите.

Лејла го комплетирала летното издание со големи очила за сонце, додека косата ја собрала назад и на тој начин го задржа целиот изглед едноставен.

Инаку, Лејла е сопруга на хрватскио актер и водител Тарик Филиповиќ со кого е во брак 18 години.

Годишнината од бракот ја прославија во јануари, а по тој повод објави и нивна заедничка фотографија.

„Станавме полнолетни. Среќна ни 18. годишнина од бракот“, напиша Лејла покрај фотографиите на кои позираат насмеани.