Светската музичка ѕвезда Селена Гомез завчера го прослави својот 31-ви роденден во друштво на Кристина Агилера, Парис Хилтон, Тајга, Дипло, Тифани Хадиш и многу други.
„Благодарна сум за многу нешта во својот живот, а една од нештата за кои сум најблагодарна е работата која успеавме да ја постигнеме со „Rare Impact Fund“ преку „Rare Beauty“. Поради вас успеавме да ја подигнеме свеста и да го зголемиме пристапот до услуги за менталното здравје за младите луѓе. Ова е мојата вистинска страст во животот“, порачала Селена која нагласила дека не сака роденденски подароци туку донации за „Rare Impact Fund“, секако доколку гостите сакаат да донираат