Почетна Убавина и здравјеЗа жените што сакаат да станат идни мајки – Совети кои ќе ви помогнат да забремените

За жените што сакаат да станат идни мајки – Совети кои ќе ви помогнат да забремените

од nenad
2 минути читај за

Жените што сакаат да станат идни мајки секогаш се загрижуваат за работите на кои треба да внимаваат за време на бременоста. Но, докторите предупредуваат дека има многу нешта кои треба да се земат во предвид и кои заслужуваат поголемо внимание пред самото зачнување.

Пред да зачнете, размислете за финансиите и направете ги потребните прегледи на доктор.

Следните неколку совети ќе ви помогнат подготвени да ја дочекате најубавата вест – дека сте бремени:

1. Закажете си преглед на гинеколог пред зачнувањето. Фетусот треба да се развива во здрава средина, а најдобриот начин да се осигурите дека ќе му го обезбедите тоа е да направите преглед на гинеколог. Специјалистот ќе ги направи потребните тестови за да потврди дека нема некаква инфекција или СПБ којашто може да му наштети на плодот. Во некои случаи се прават и генетски испитувања за да се утврди ризикот од појава на одредена болест.

2. Измерете ја вашата тежина. Телесната тежина е важен фактор кој влијае на плодноста. Качете се на вагата за да проверите дека имате нормална и здрава тежина. Ако се борите со килограмите, подобро е да го решите тој проблем пред да зачнете. Нормалната тежина ќе ви помогне не само полесно да ги поминете бременоста и породувањето, туку и ќе го намали ризикот од висок крвен притисок и дијабетес.
3. Ако пиете лекови, одете на консултација кај вашиот доктор. Доколку страдате од хронична болест и/или примате лекови, одете на консултација со докторот кој ви ги препишал. Одредени лекови се безбедни и може да се примаат за време на бременоста, но некои може да се опасни.

4. Проверете ги забите и непцата. Не треба да го занемарувате ниту оралното здравје. За време на бременоста, поради хормонските промени и киселините кои од стомакот доаѓаат во устата поради утринското гадење, може да се појаваат проблеми со забите и непцата. Тие проблеми значително ќе ги редуцирате ако пред зачнувањето ја проверите состојбата на вашите заби.

5. Заборавете на алкохолот и цигарите. Сигурно знаете дека алкохолот и цигарите целосно треба да ги исфрлите од вашиот живот за време на бременоста. Но, не е лошо да им кажете „не“ и во периодот пред зачнувањето. Пушењето и алкохолот влијаат негативно врз плодноста. Истото важи и за вашиот партнер, бидејќи тие кај него можат да го намалат квалитетот на спермата.