Почетна Технологија(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За првпат досега, Градинар добива мултифункционално игралиште на површина од над 1100m2!

(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За првпат досега, Градинар добива мултифункционално игралиште на површина од над 1100m2!

од nenad
1 минути читај за

Се работи за градежен зафат кој на младите, но и на возрасните од овој дел на општината ќе им обезбеди безбеден и современ простор за спорт и рекреација.  На новото мултифункционално спортско игралиште со површина од 1100 квадратни метри, ќе има и детско катче опремено со нови реквизити, фудбалско игралиште, кошаркарско, простор за возрасните и урбана опрема која дополнително ќе го разубави овој простор.

Со други зборови, за многу брзо време од сега жителите на Градинар ќе добијат простор за одмор, за рекреација и спортување, изведен по сите современи стандарди. Претходно, ги обновивме улиците и изградивме фекална мрежа. 

Во целата општина решаваме децениски проблеми со цел во целост да го смениме имиџот на Кисела Вода која за жал во минатото беше синоним за лоша инфраструктура и за негрижа на одговорните.  Ние продолжуваме понатаму да создаваме услови за поквалитетен живот, бидејќи мојот народ заслужува!