Една од најспектакуларните олимписки учеснички, пливачката Луана Алонсо, беше исфрлена од Олимпиското село во Париз. Оваа одлука ја донесе Парагвајскиот олимписки комитет. Девојката беше обвинета дека им го одвлекува вниманието на другите натпреварувачи со нејзината разголена облека.
На 20-годишната атлетичарка ѝ беше наредено да го напушти натпреварувањето, откако претставниците на Олимпискиот комитет на Парагвај изјавија дека таа создала „неприфатлива атмосфера“ со своето однесување.
Поврзани објави
Луана Алонсо, која загуби на првиот ден од Олимпијадата, беше видена облечена во проѕирна облека, а не во официјалната униформа на репрезентацијата на Парагвај. Таа, исто така, беше видена како комуницира со други спортисти и беше кажано дека „им го одвлекува вниманието на нејзините соиграчи кои сè уште се натпреваруваат“.