По тој повод градоначалникот Митко Јанчев овојпат и како кум на чествувањето со семејството, присуствуваше на Света архиерејска литургија во Храмот Св. Петка Кавадарци, особено горд што му беше укажана честа да биде претседател на иницијативниот одбор за изградба на овој свет храм каде се појавува и како еден од поголемите донатори. Тој е главен донатор и за изградба на нов црковно административен објект при црквата Света Петка кој ќе го носи името Свети Никола, во чест на неговиот покоен татко Никола и неговиот син кој го носи неговото име. Нека е честит и вековит Св. Никола! Вечно име на сите кои го слават. Нека донесе здравје, среќа, мир и бериќет во сите домови! За многу години