Српската пејачка Милица Тодоровиќ денеска објави нешто многу важно.
Бидејќи е многу активна на социјалните мрежи, на својот Инстаграм се огласи со убавата вест и на нејзината среќа и нема крај.
Имено, таа објави слика од бебе и го напиша следново:
„Станав тетка, честитки мамо и тато. Ни пристигна Сташа“, гласела објавата која ги воодушеви сите, а нејзината среќа на самиот почеток на 2025 година е неопислива.
Поврзани објави
Да потсетиме, Милица неодамна ја раскина врската со Лазар Граниќ, а како што вели не страда за манекенот.
Немав што да преболам. Немам ништо грдо и лошо да кажам за поранешниот партнер, се разделивме, кратко траеше. Останавме во добри односи, како што останав јас со сите поранешни. Јас сум секогаш отворена за љубов, кога ќе дојде, добредојдена е. Јас тоа не го кријам, љубовта е најубавата работа – изјави таа за „Блиц“.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/milicatodorovicofficial/?hl=en